„Вегетирање , колку лош збор. Преживување , живеење на едноличен
живот без никаква смисла и цел . Чекање на неминовниот крај наживотниот циклус
и збогување со секојдневното сивило. Живот на билка , добиваш храна
растеш, ке процветаш , а можеби и не ,
не правиш ништо , но само според некој закони на продата постоиш. Нели е арогантно , безобразно , да се каже за некој дека е билка ? Па
цвеќињта се билки , а толку се убави , уживаме во нив , ги даваме за да
искажеме емоција кога немаме доволно зборови. “
Колку многу беше убава , колку се
радуваше на букетите лалиња што и ги поклонував , размислуваше додека ја
гледаше во болничкиот кревет неподвижна
, со сите тие апарати на неа. Околу него зуева роднини и пријатели да му дадат
поддршка , некој плаче , некој гледа кој плаче , трети го тапкаа по рамо да му
дадат некој збор за сила . Можеше да
слушне „Не , Јасна нема да се предаде , има прекрасен живот , маж
што ја сака неизмерно , две прекрасни дечиња , Премногу ги сака сите тројца за
да се предаде!“ . Додека го слушаше ова нешто почна да се случува кај него .
Почна да се гуши , собата почна да пулсира ,
дланките му се испотија. „Морам да избегам , што е можно подалеку“ – беше единствената
негова мисла , кога почнаа неконтролирано да му течат солзи од очите . Истрча
од собата , ги избутка сите , некој тргна по него но не застана , само што
искочи од болницата почна да трча . Незнаеше кај иде , само трчаше , бегаше .
Заста до една бензиска , влезе внатре и купи 2 кутии цигари . Сигурно и
делуваше смешно на продавачката кога и
побара цигари што не се произведуваат веќе 15 години. Зема од најјаките кој во
тој момент ги имаа , а му беа познати од некоја реклама или билборд. Оттука го
продолжи својот пат до едно оддамна заборавено место , негово омилено место за
кафе и реласација на кое не бил повеќе од 10 години. За последен пат беше да го
почасти неговиот најдраг другар , кога по
втор пат стана татко , кога се роди
неговата ќерка . Додека се движеше небеше сигурен дали тоа место постои во ова
ново Скопје , или и него го изеде заборавот
, на минатите спомени. За среќа
сеуште тоа место постоеше , и си го доживеа како големо олеснување , небеше во состојба да лута , да најде место
за своите мисли.
Му пријде една млада девојка да
ја прими неговата нарачка , и го погледна малку чудно кога нарача две еспреса , две пива мали и еден коњак , но
ја прими нарачката без збор и замина . Дури кога се врати со нарачката свати што
направил. Секогаш нарачуваа заедно тоа .
Сепак ја зема нарачката и почна да размислува додека ја отвараше
кутијата со цигари.
Познат психолог сум , на толку
луѓе им помогнав , зашто неможам да си помогнам на себе ? Сите
мислат дека плачам од жал кон неа , но никој незнае дека плачан од жал за себе
, од болка што ништо не чуствувам за тоа
што лежи на тој кревет приклучено на машини. КОлку ја сакав , колку и помогнав
, но никогаш не си дозволи да ме засака. Така беше од првиот момент кога ја
запознав и собрав храброст да ја викнам на кафе. И бевме седнати токму тука ,
пред цели 20 години.
За момент прекина со мислите и се
сконцентрира на цигарата . Прва цигара
по 15 години . Можеше да го осети
напливот на емоции кои ги носи оваа цигара.
Убаво ја разгледа , ја помириса , ја лизна како што тоа одсекогаш го
правеше , ја стави во уста и ја запали . Го повлече првиот дим , си дозволи да ужива целосно и за тој мал
миг се префрли на сосема друго место , се потсети на своето детство и првата
цигара која ја запали , сите оние убави
чуства кој ги имаше доживеано , колку само делуваше сето тоа смирувачки врз
него. За жал како го испушташе димот , така таа смиреност исчесзнуваше и се
враќаше на неговата реалност. Беше задоволен за неа , за тоа што и се случи
, зашто знаеше дека се враќаше од средба со тој провинцијалец , кој ја третираше како
стока , како обична курва , а сепак му се враќаше . Тоа такси го направи тоа
што самиот требаше да го направи многу одамна .
Тука застана и му се згади од таа помисла , никогаш неможеше да ја
повреди , дури ни она кога го повредуваше. Доволно е сега што не чуствувам ништо
за нејзе, тоа е доволна казна , најголема казна за нејзе , ако преживее ќе се
разведам , од тука ќе идам одма кај адвокат да покренам парница , па и децата
нека знаат која им е мајка , гневно си помисли додека ја гасеше втората цигара
и се напи од пивото .
Додека ја палеше третата цигара
зазвоне неговиот телефон . Брат му го бараше , не му се јави само му спушти .
По помалку од минута пак му зазвоне . Повторно му спушти. Повторно му звонеше
телефонот но овој пат беше сестра и .
Неблагодарно суштество , кое никогаш не ја сакаше сестра и и сеуште бесе
огорчена зашто станот татко и го оставин на сестра и . Татко и кој не дојде да
го види цела година додека бесе неподвижен и во болку од проклетиот карцином ,
кој полека го јадеше. Колку ли го сакав
тој човек , си помисли. Најмирнипот
човек што го знам , цели 15 години да не се скараме , да повиши глас ,
со колкава љубов си ги гледаше внучињата . Несакаше ни да и помогне на Јасна , кога
незнаевме дали ке преживее додека се
пораѓаше со второто , со една обична трансфузија , а прва беше да го оспори правото
станот . Не , нејзе не и се јавувам .
Ја заврши оваа мисла со силно
удирање на телефонот од маса . Запали нова цигара , се зачуди како убаво му
делуваат , како никогаш да не прекинал. Додека задоволно ја пушеше , зазвоне
повторно телефонот , но овјпат тоа беше службениот телефон. Најмалку сега беше расположен да слуша туѓи
проблеми , но некоја етика не му дозволи да не одговори . Овој разговор го
зачуди целосно , бидејќи не беше некој пациент , туку Боби ,негов пријател со
кој повремено се гледаа на по некое кафе
, но неможеше да се сети од каде на него
овој број .
„ ЕЈ , извини што те вознемирувам , знам за Јасна
, јас бев на смена кога ја донесоа вчера
, беше полу свесна , те бараше тебе . Јас ги земав нејзините работи ,
целата торба , со новчаникот и телефонот .
Пробав вчера да те барам но не ми се јавуваше , и дури денес ми го даде Кате твојот службен број . “
„ Извини , но која кате , неможам
во моментов да се сетам ?“
„ Нормално , таман работа да се
сеќаваш на сите твој пациенти , Кате е
таа за која ти зборев , девојка со која што се гледам но имаше некој
проблеми со смрттта на мајка и па ја пратив кај тебе ....“
„ Аааа , да да , ми текна “ – го прекина зашто навистина не му беше до
разговор со никој.
„Бев до горе да ја видам Јасна ,
со надеж дека ќе те видам и тебе да ти дадам нејзините ствари , али ти не беше
таму , ми кажаа дека си истрчал само , без збор. Брат ти само ти вртеше цело време . Јас ти се
јавувам од канцеларија , да не ме видат , пошто претпоставувам дека сакаш да си
сам. ЈАс имам уште некој 2 саати од смената , па си идам накај дома , дали
сакаш да се видиме да се напиеме нешто , и да ти донесам стварите од Јасна ? Ќе потпишам у твое име дека си ги подигнал
. Боље така него да ти стопи некој нешто, овде има секакви ? Што викаш ?“
„ Уфф , незнам сакам да сум сам ,
но помини , ајде , и така мора да ги земам .“
Му кажа каде се наоѓа , и го спушти телефонот на масата , запали уште една цигара и се замисли .
„ Зарем се беше толку лошо ? Каде погрешив . Сигурен сум дека ја сакам ,
знам дека ме сака , но со таа нејзина мазохистичка тенденција да се повредува ,
ме повредува и мене, ме повредуваше сите овие години . Мислам дека децата
успеав да ги заштитам. Хм , децата . Кој деца?
За постарата сум речиси сигурен дека не е моја , црна коса како гавран ,
црн тен , темно кафени очи , а мајка и плава со зелени очи , и јас сум плав . “
се сети на првиот роденден на Дарија кога поднапиени почнаа да префрлаат
заебанции да не е заменета во болница , или да не цицала од некоја циганка .
Тогаш на Јасна мајка и рече „ее цела е на наш сој , ако викате така имамв
јас една баба иста како нејзе , многу личи на нејзе ке најдам слика да видите “
. Никогаш не дојде таа слика . Но сепак ја сакав , можеби заради тоа што Јасна
тогаш се сложи да се земеме , конечно да
ме сака и да биде моја . Можеби и уште ја сакам , сепак јас ја изгледав , не
спиев со цели ноќи додека беше болна , се радував на нејзините школски престави , но направив огромна грешка
и ставив до знаење дека сестра и ја сакам повеќе . Без разлика што и Јасна ми викаше дека е мое дете , дека
детето плаче зашто тато не ја сака ,решив да ја казнам Јасна преку нејзе. Дарија секогаш се бореше за мојата љубов , и
сега кога мајка и не се знае дали ќе ја преживее вечерта , тој што го вика татко , седи сам , се сожалува
, го нема никаде . “ Овие мисли му ги насолзија очите . Дојде порака на мобилниот , од Дарија
беше „ Тато , те разбирам , кога можеш
јави ми се “.
Ова не му ги запре солзите , само му ги
зголеми , почна да станува свесен колку ова дете , сега веќе жена го сака и
идеализира нејзинито татко. Заради него се запиша на психологија , да биде
психолог како татко и , првенец во генерација , збореше и читаше на англиски , германски , француски и руски .
Свиреше на пијано . Шопен , колку обожаваше кога му го свири Шопен , со саати ,
не престануваше . Сите овие мисли му створија неподнослива мачнина , тесно
почна да му станува во неговата кожа. Додека ја палеше последната цигара од
кутијата го допи и второто пиво , и за
момент му се тргнаа мислите кога се појави некој човек до него го поздрави и седна непоканет . Дојде
девојчето да прими нарачка но ништо не сакаше.
„Како си ? Како се држиш ? Извини
што каснам , но ме задржаа на работа . Еве ти ја торбата , тука е се провери и
потпиши ми , за да немам проблеми на работа. “
„ОК , не е проблем , каде треба
да се потпишам и дај ми пенкало немам јас во мене“ му кажа доде се обидуваше да се сети кога
последен пат се видоа. Не му беше ни битно , а му беше олеснување кога виде
дека и Боби не очекува ништо повеќе од
него. Само што му потпиша , Боби стана му ја предаде торбата се поздрави и си
замина. Само што направи неколку чекори , застна , се заврти и се врати . Седна повторно .
„Несакав да се мешам , да ти додавам дополнителен товар , но морам да
ти кажам. Кога бев горе да ја видам
Јасна имаше сцена , сите те бараа, но неможеа да те добијат на телефон. Кога и
спушти на сестра и на Јасна , она почна да збори против тебе се што и
текнуваше . Што треба и нетреба, почна да кажува дека не си ја сакал никогаш Јасна , само заради пари си се земал со нејзе , дека си и го
земал станот кој уствари и припаѓал на
нејзе а не на Јасна , колку била несреќна со тебе во бракот , па затоа си
правела излети надвор , децата не ги
сакаш , бегаш од нив како да не се ни твои , а знејќи ја сестра и , и не би се
зачудила да не се . Тука рипна Дарија ја удри и ги избрка сите до еден , дури и
обезбедување викнаа од болница . Останаа само Дарија и Елена. Треба да бидеш
таму а не овде , сам да се сожалуваш . Им требаш на тие деца. Извини што се
мешам , ама морав да ти кажам , а ти како што сакаш прави. “
Само бледо го погледна Боби, кој стана без да
чека било каква реакција . Запали
повторно цигара , и почна да размислува дали да види што се има во торбата . Се
плашеше од тоа што ќе го најде . Телефонот . Се вознемири кога го виде , но
мораше да го отвори . Почна да ги прелистува пораките и не најде ништо
невообичаено. Се размислуваше зашто би
сакал баш сега да дозне , кога може и
веќе ке ја нема , ќе исчезне од овој свет засекогаш. Цели 20 години не зема да и а прегледа
поштата , да и го види телефонот , да и провери емаил , да ја шпиунира . Која е
причината што го тера тоа да го прави токму сега , дали е тоа стравот дека ја
сака и ќе ја изгуби , па очајно бара нешто , за да може да ја мрази , да нема
болка , која толку често ја чуствуваше кога ќе се повлечеше од него и децата ,
ќе се затвореше во соба или ќе отидеше на викенд некаде сама или со некоја
„другарка“ ? . Децата . Заради нив
постојано си наоѓаше оправдување
да не го руши тоа што го има ,
иако таа несигурност , и недоверба кај него растеше со секоја измината година .
Никогаш не застана да размисли зашто ја има таа недоверба, кога сепак толку ја
сака, и знаеше дека и она го сака него.