Ова е приказна за едно мало мече. Ова мече не било како другите мечиња. Сите го сакале ова мече затоа што било најмилото мече . Можело да слуша како му зборат со часови , да плаче кога другите плачат , да им даде да го гушнат за да се утешат кога им е тешко. Мечето било среќно затоа што било барано од другите . Но како поминувало времето , мечето почнало да станува изморено . Видело дека тие луѓе не го сакале него , го сакале само тоа што им го давал , утеха додека се тажни. Веќе небило радосно и среќно, почнало да станува се потажно и потажно .Мечето сватило дека станало тажно зашто сите кои тажни доаѓале кај него , токму тука си ја оставале тагата . Затоа го сакале, затоа им требало ова мало мече. Кога било најажно мечето , додека шетало така тажно барајќи некој да го гушне него , се појавило едно прекрасно девојце , со прекрасна долга златна коса. Таа му рекла : “Мече , мече , зашто си толку тажно? Ако сакаш дојди да ме гушнеш и ке ти биде подобро.”
Колку прекрасно чуство доживеало тоа мало мече. Зарем има и некој што сака јас да го гушнам, си помислило и помалку плашливо го прегрнал девојчето. Полека таа прегратка станувала се поблиска , се до оној момент кога веќе силно ја гушкал . Какво чуство доживеало мечето , солзите сами му дошле на очите . Колку сум среќен што те најдов , фала ти ме спаси од таа тага , сега веќе не сум тажен , низ солзи проговорило мечето. Остани со мене , ќе те сакам , ќе бидеме среќни заедно , ќе те гушкам секогаш. Сеуште со пресреќна насмевка на лицето , мечето ја ослоботила прегратката и го погледнало девојчето. Но тоа веќе небило истото девојче од пред неколку моменти . Изразот на нејзиното лице бил сментет , била бледа, без сјај во нејзините очи. Се што можело мечето да види таму било тага.
Но зашто си тажна, што направив погрешно , ја запрашало мечето.
Не мече , ти не направи ништо , но јас бев тажна уште пред да се гушнеме , но ти од твојата тага несакаше да го видиш тоа.
После овие зборови девојчето со златната коса се свртело и си отишло , а мечето останало уште долго да размислува за овие нејзини зборови.
Наравоучение
Немојте туѓата среќа да ја гледате преку сопствената тага
No comments:
Post a Comment