Thursday, March 29, 2012

Среќното мече

Ова е приказна за едно  мало мече.  Ова мече не било како другите мечиња. Сите го сакале ова мече затоа што  било најмилото  мече . Можело да слуша како му зборат со  часови  , да плаче кога другите плачат , да им даде да го  гушнат  за да се  утешат кога им е тешко. Мечето  било среќно затоа што  било барано од другите . Но како поминувало времето , мечето почнало да станува изморено  . Видело дека  тие  луѓе не го  сакале него  , го  сакале само тоа што  им го  давал , утеха додека  се тажни. Веќе небило радосно и среќно, почнало да станува се  потажно и потажно .Мечето  сватило дека станало тажно зашто  сите  кои тажни доаѓале кај него , токму тука си  ја оставале тагата . Затоа го сакале, затоа им требало ова мало мече. Кога било најажно мечето , додека шетало така тажно барајќи некој да  го  гушне  него , се појавило едно прекрасно девојце , со прекрасна долга златна коса. Таа му рекла  : Мече , мече , зашто  си  толку тажно? Ако сакаш дојди да ме гушнеш и ке ти  биде подобро.
Колку прекрасно чуство  доживеало тоа мало мече. Зарем има и некој што сака јас да  го  гушнам, си помислило  и помалку плашливо  го прегрнал девојчето. Полека таа прегратка станувала се  поблиска , се до оној момент кога веќе силно ја гушкал . Какво чуство  доживеало мечето , солзите сами му дошле на очите . Колку сум среќен што те најдов , фала ти ме спаси од таа тага , сега веќе не сум тажен , низ солзи проговорило мечето. Остани со  мене , ќе те сакам , ќе бидеме среќни заедно , ќе те гушкам секогаш.  Сеуште со  пресреќна насмевка на лицето  , мечето  ја ослоботила прегратката и го  погледнало девојчето. Но тоа веќе небило истото  девојче од пред неколку моменти .  Изразот на нејзиното лице  бил сментет , била бледа, без сјај во  нејзините очи. Се  што  можело мечето  да види  таму било тага.
Но зашто си тажна, што направив погрешно , ја запрашало мечето. 
Не  мече , ти  не направи  ништо , но јас бев тажна уште пред да се гушнеме , но ти  од  твојата тага несакаше да  го  видиш тоа.
После овие зборови девојчето  со  златната коса се свртело и си  отишло , а мечето  останало  уште  долго да размислува за овие нејзини зборови.
Наравоучение
Немојте  туѓата среќа да ја гледате преку сопствената тага