Friday, May 24, 2013

Вегетирање I дел


„Вегетирање , колку лош  збор. Преживување , живеење на едноличен живот без никаква смисла и цел . Чекање на неминовниот крај наживотниот циклус и збогување со  секојдневното  сивило. Живот на билка , добиваш храна растеш, ке процветаш  , а можеби и не , не правиш ништо , но само според некој закони на продата постоиш.  Нели е арогантно , безобразно ,  да се каже за некој дека е билка ? Па цвеќињта се билки , а толку се убави , уживаме во нив , ги даваме за да искажеме емоција кога немаме доволно зборови. “ 
Колку многу беше убава , колку се радуваше на букетите лалиња што и ги поклонував , размислуваше додека ја гледаше во  болничкиот кревет неподвижна , со сите тие апарати на неа. Околу него зуева роднини и пријатели да му дадат поддршка , некој плаче , некој гледа кој плаче , трети го тапкаа по рамо да му дадат некој збор за сила .  Можеше да слушне  „Не , Јасна  нема да се предаде , има прекрасен живот , маж што ја сака неизмерно , две прекрасни дечиња , Премногу ги сака сите тројца за да се предаде!“ . Додека го слушаше ова нешто почна да се случува кај него . Почна да се гуши , собата почна да пулсира ,  дланките му се испотија. „Морам да избегам , што е можно подалеку“ – беше единствената негова мисла , кога почнаа неконтролирано да му течат солзи од очите . Истрча од собата , ги избутка сите , некој тргна по него но не застана , само што искочи од болницата почна да трча . Незнаеше кај иде , само трчаше , бегаше . Заста до една бензиска , влезе внатре и купи 2 кутии цигари . Сигурно и делуваше смешно на продавачката кога  и побара цигари што не се произведуваат веќе 15 години. Зема од најјаките кој во тој момент ги имаа , а му беа познати од некоја реклама или билборд. Оттука го продолжи својот пат до едно оддамна заборавено место , негово омилено место за кафе и реласација на кое не бил повеќе од 10 години. За последен пат беше да го почасти неговиот најдраг другар  , кога по втор пат стана татко ,  кога се роди неговата ќерка . Додека се движеше небеше сигурен дали тоа место постои во ова ново Скопје , или и него го изеде заборавот  , на минатите спомени.  За среќа сеуште тоа место постоеше , и си го доживеа како големо олеснување  , небеше во состојба да лута , да најде место за своите мисли.
Му пријде една млада девојка да ја прими неговата нарачка , и го погледна малку чудно кога нарача  две еспреса , две пива мали и еден коњак , но ја прими нарачката без збор и замина . Дури кога се врати со нарачката свати што направил. Секогаш нарачуваа заедно тоа .  Сепак ја зема нарачката и почна да размислува додека ја отвараше кутијата со цигари.
Познат психолог сум , на толку луѓе им помогнав , зашто неможам да си помогнам на себе  ?  Сите мислат дека плачам од жал кон неа , но никој незнае дека плачан од жал за себе , од болка што ништо не  чуствувам за тоа што лежи на тој кревет приклучено на машини. КОлку ја сакав , колку и помогнав , но никогаш не си дозволи да ме засака. Така беше од првиот момент кога ја запознав и собрав храброст да ја викнам на кафе. И бевме седнати токму тука , пред цели 20 години.
За момент прекина со мислите и се сконцентрира на цигарата . Прва цигара  по 15 години .  Можеше да го осети напливот на емоции кои ги носи оваа цигара.  Убаво ја разгледа , ја помириса , ја лизна како што тоа одсекогаш го правеше , ја стави во уста и ја запали . Го повлече првиот дим  , си дозволи да ужива целосно и за тој мал миг се префрли на сосема друго место , се потсети на своето детство и првата цигара која ја запали , сите  оние убави чуства кој ги имаше доживеано , колку само делуваше сето тоа смирувачки врз него. За жал како го испушташе димот , така таа смиреност исчесзнуваше и се враќаше на неговата реалност.   Беше задоволен за неа , за тоа што и се случи , зашто знаеше дека се враќаше од средба  со тој провинцијалец , кој ја третираше како стока , како обична курва , а сепак му се враќаше . Тоа такси го направи тоа што самиот требаше да го направи многу одамна .  Тука застана и му се згади од таа помисла , никогаш неможеше да ја повреди , дури ни она кога го повредуваше. Доволно е сега што не чуствувам ништо за нејзе, тоа е доволна казна , најголема казна за нејзе , ако преживее ќе се разведам , од тука ќе идам одма кај адвокат да покренам парница , па и децата нека знаат која им е мајка , гневно си помисли додека ја гасеше втората цигара и  се напи од пивото .
Додека ја палеше третата цигара зазвоне неговиот телефон . Брат му го бараше , не му се јави само му спушти . По помалку од минута пак му зазвоне . Повторно му спушти. Повторно му звонеше телефонот но овој пат беше  сестра и . Неблагодарно суштество , кое никогаш не ја сакаше сестра и и сеуште бесе огорчена зашто станот татко и го оставин на сестра и . Татко и кој не дојде да го види цела година додека бесе неподвижен и во болку од проклетиот карцином , кој полека го јадеше.  Колку ли го сакав тој човек , си помисли. Најмирнипот  човек што го знам , цели 15 години да не се скараме , да повиши глас , со колкава љубов си ги гледаше внучињата .  Несакаше ни да и помогне на Јасна , кога незнаевме дали ке преживее  додека се пораѓаше со второто , со една обична трансфузија , а прва беше да го оспори правото  станот . Не , нејзе не и се јавувам .
Ја заврши оваа мисла со силно удирање на телефонот од маса . Запали нова цигара , се зачуди како убаво му делуваат , како никогаш да не прекинал. Додека задоволно ја пушеше , зазвоне повторно телефонот , но овјпат тоа беше службениот телефон.  Најмалку сега беше расположен да слуша туѓи проблеми , но некоја етика не му дозволи да не одговори . Овој разговор го зачуди целосно , бидејќи не беше некој пациент , туку Боби ,негов пријател со кој повремено  се гледаа на по некое кафе , но неможеше да се сети од каде  на него овој број .
„ ЕЈ  , извини што те вознемирувам , знам за Јасна , јас бев на смена кога ја донесоа вчера  , беше полу свесна , те бараше тебе . Јас ги земав нејзините работи , целата торба , со новчаникот и телефонот .  Пробав вчера да те барам но не ми се јавуваше , и дури денес  ми го даде Кате твојот службен број . “
„ Извини , но која кате , неможам во моментов да се сетам ?“
„ Нормално , таман работа да се сеќаваш на сите твој пациенти , Кате е  таа за која ти зборев , девојка со која што се гледам но имаше некој проблеми со смрттта на мајка и па ја пратив кај тебе ....“
„ Аааа , да да , ми текна  “ – го прекина зашто навистина не му беше до разговор со никој.
„Бев до горе да ја видам Јасна , со надеж дека ќе те видам и тебе да ти дадам нејзините ствари , али ти не беше таму , ми кажаа дека си истрчал само , без збор.  Брат ти само ти вртеше цело време . Јас ти се јавувам од канцеларија , да не ме видат , пошто претпоставувам дека сакаш да си сам. ЈАс имам уште некој 2 саати од смената , па си идам накај дома , дали сакаш да се видиме да се напиеме нешто , и да ти донесам стварите од Јасна  ? Ќе потпишам у твое име дека си ги подигнал . Боље така него да ти стопи некој нешто, овде има секакви ? Што викаш ?“
„ Уфф , незнам сакам да сум сам , но помини , ајде , и така мора да ги земам .“  Му кажа каде се наоѓа , и го спушти телефонот  на масата , запали уште една цигара  и се замисли .  „ Зарем се беше толку лошо ? Каде погрешив . Сигурен сум дека ја сакам , знам дека ме сака , но со таа нејзина мазохистичка тенденција да се повредува , ме повредува и мене, ме повредуваше сите овие години . Мислам дека децата успеав да ги заштитам. Хм , децата . Кој деца?  За постарата сум речиси сигурен дека не е моја , црна коса како гавран , црн тен , темно кафени очи , а мајка и плава со зелени очи , и јас сум плав . “ се сети на првиот роденден на Дарија кога поднапиени почнаа да префрлаат заебанции да не е заменета во болница , или да не цицала од некоја циганка . Тогаш  на Јасна мајка и рече  „ее цела е на наш сој , ако викате така имамв јас една баба иста како нејзе , многу личи на нејзе ке најдам слика да видите “ . Никогаш не дојде таа слика . Но сепак ја сакав , можеби заради тоа што Јасна тогаш се сложи да се земеме ,  конечно да ме сака и да биде моја . Можеби и уште ја сакам , сепак јас ја изгледав , не спиев со цели ноќи додека беше болна , се радував на нејзините  школски престави , но направив огромна грешка и ставив до знаење дека сестра и ја сакам повеќе . Без разлика  што и Јасна ми викаше дека е мое дете , дека детето плаче зашто тато не ја сака ,решив да ја казнам Јасна преку нејзе.  Дарија секогаш се бореше за мојата љубов , и сега кога мајка и не се знае дали ќе ја преживее вечерта  , тој што го вика татко , седи сам , се сожалува , го нема никаде . “ Овие мисли му ги насолзија очите .  Дојде порака на мобилниот , од Дарија беше  „ Тато , те разбирам , кога можеш јави ми се “. 
 Ова не му ги запре солзите , само му ги зголеми , почна да станува свесен колку ова дете , сега веќе жена го сака и идеализира нејзинито татко. Заради него се запиша на психологија , да биде психолог како татко и , првенец во генерација , збореше и читаше  на англиски , германски , француски и руски . Свиреше на пијано . Шопен , колку обожаваше кога му го свири Шопен , со саати , не престануваше . Сите овие мисли му створија неподнослива мачнина , тесно почна да му станува во неговата кожа. Додека ја палеше последната цигара од кутијата го допи и второто  пиво , и за момент му се тргнаа мислите кога се појави некој човек до него  го поздрави и седна непоканет . Дојде девојчето да прими нарачка но ништо не сакаше.
„Како си ? Како се држиш ? Извини што каснам , но ме задржаа на работа . Еве ти ја торбата , тука е се провери и потпиши ми , за да немам проблеми на работа. “
„ОК , не е проблем , каде треба да се потпишам и дај ми пенкало немам јас во мене“  му кажа доде се обидуваше да се сети кога последен пат се видоа. Не му беше ни битно , а му беше олеснување кога виде дека и Боби не очекува  ништо повеќе од него. Само што му потпиша , Боби стана му ја предаде торбата се поздрави и си замина. Само што направи неколку чекори , застна , се заврти и се врати  . Седна повторно .
„Несакав да се мешам , да ти  додавам дополнителен товар , но морам да ти  кажам. Кога бев горе да ја видам Јасна имаше сцена , сите те бараа, но неможеа да те добијат на телефон.  Кога  и спушти на  сестра и на Јасна ,  она почна да збори против тебе се  што  и текнуваше . Што треба и нетреба, почна да кажува дека не си ја сакал  никогаш Јасна , само заради  пари си се земал со нејзе , дека си и го земал станот кој уствари и  припаѓал на нејзе а не на Јасна , колку била несреќна со тебе во бракот , па затоа си правела излети надвор   , децата не ги сакаш , бегаш од нив како да не се ни твои , а знејќи ја сестра и , и не би се зачудила да не се . Тука рипна Дарија ја удри и ги избрка сите до еден , дури и обезбедување викнаа од болница . Останаа само Дарија и Елена. Треба да бидеш таму а не овде , сам да се сожалуваш . Им требаш на тие деца. Извини што се мешам , ама морав да ти кажам , а ти како што сакаш прави. “
Само бледо го погледна Боби, кој  стана без да  чека било каква реакција .  Запали повторно цигара , и почна да размислува дали да види што се има во торбата . Се плашеше од тоа што ќе го најде . Телефонот . Се вознемири кога го виде , но мораше да го отвори . Почна да ги прелистува пораките и не најде ништо невообичаено.  Се размислуваше зашто би сакал  баш сега да дозне , кога може и веќе ке ја нема , ќе исчезне од овој свет засекогаш.  Цели 20 години не зема да и а прегледа поштата , да и го види телефонот , да и провери емаил , да ја шпиунира . Која е причината што го тера тоа да го прави токму сега , дали е тоа стравот дека ја сака и ќе ја изгуби , па очајно бара нешто , за да може да ја мрази , да нема болка , која толку често ја чуствуваше кога ќе се повлечеше од него и децата , ќе се затвореше во соба или ќе отидеше на викенд некаде сама или со некоја „другарка“ ? . Децата . Заради нив  постојано си наоѓаше оправдување  да не го руши тоа  што го има , иако таа несигурност , и недоверба кај него растеше со секоја измината година . Никогаш не застана да размисли зашто ја има таа недоверба, кога сепак толку ја сака, и знаеше дека и она го сака него.