Friday, October 7, 2011

ОГЛЕДАЛОТО

Огледалото е еден од најголемите изуми на човештвото. Тоа е она делче кое ми дава да се  видам како изгледам ,како ме гледаат другите.Секако таа перцепција е различна но дали би  ми сметало некое влакно или перче од косата кое не е на своето  место или некоја дамка на лицето се додека не ја здогледам со помош на тоа огледало ? Колку ли време само минувам пред него во подготовка пред излегување или состанок. Се да биде совршено.
Но тоа е само она површното.Дали си ја гледам и душата? Колку ли пати ми се има случено да се погледнам во  огледалото   и да почуствувам презир,жалење ,задоволство  или некоја друга силна емоција насочена кон  тој чуден лик кој ме гледа и не трепнува пред јас да  трепнам.Науката вика дека тоа не е ништо повеке од рефлексија на светлината која се одбива од нашиот лик во огледалото  и притоа се рефлектира назад така да  добиваме совршена копија на нашиот лик но со една измена .Ликот кој го гледам е обратен од мојот, левото  е  десно, а десното  е лево. Дали токму тоа   ми дозволува толку слободно да  го  судам  ликот  што  го  гледам? Уживам ли во  илузијата дека сепак тоа не  сум ЈАС?
Сепак мислам дека има едно многу пострашно огледало.Огледало кое несакам да  го сретнам и секогаш се плашам кога ке го  видим тој отсјај.Тоа е тој отсјај  кој што  го  гледам во  другите луѓе. Како што реагираме кога некој ке ни посочи дека  на лицето ни е  извалкано или имаме некоја дамка па поттрчуваме во тоалетот да се  средиме прекорувајќи се зашто не сме го виделе тоа , така реагираме и кога некој ке ни посочи некоја мана кој не сме успеале да си ја видиме или несакаме да ја видиме.Бегаме. Бегам од огледалото, бегам од личноста која ми го кажува тоа.
Одбивањето да го видим просјакот на улица со подадена рака , одбивам да си  ја видим и сопствената мизерија и молба за  помош. Несакајќи да  ги  видиме старите и изнемоштени лица несакам да се видам и себе си  во  таква ситуација . Сопствениот страв  го  крјам со агресијата кон тоа што  е послабо  од мене. Треба голема храброст да се  погледнам  во  огледалото  кое ми е  секојдневно пред нос . Во автобус , на улица , во  продавница , на пазар, во болница. Тоа е најболнот лик во  огледалото  од кој неможе да се остане  рамнодушен , а неможам да се   натерам да  го  погледнам. Тоа е суровата реалност на која неможе да и избегам ниту од која може да се скријам.Одлуката да не ја видам е само привремена зашто  таа е секогаш тука спремна да даде до знаење дека несмеам да ја игнорирам.
Што ако се  соочам со сето  ова? Дали тогаш реалноста ќе биде  полесна , би ме претворило ли тоа во  подобра личност ?
Незнам, но знам дека ке  бидам појака , поавтентична  личност и нема да  бидам само дел  од толпата на неми отсјаји , кој се губат  во морето  на медиокритети и општоприфатени морали на новото време . Ќе бидам ЈАС . Особа на патот  да стане  личност со  својот другар , секогаш искреното  огледало.


No comments:

Post a Comment