Tuesday, October 5, 2010

Како ли јас да пораснам

Кога си жртва никој од тебе не бара ништо. На жртвата сите гледаат со сожалување, сочувство и со човечка сомилост. Од жртвата никој не бара да биде успешна. Од неа не се бара никаква одговорност и никаков отчет, жртвата е заштитена од секаква критика, таа е во центарот на стакленото ѕвоно, за неа секогаш се обвинува некој друг. За жртвата секогаш се смета дека е повредена, навредена, понижена и обесправена. На жртвата и се нудат помош и поддршка “*

Го читам по којзнае кој пат овој пасос.Неможам а да не се пронајдам,а се плашам кога ке се пронајдам во него. Во животниве турбиленции што се  ми случуваат неможе да не помислам дека можеби и треба да се има и доза самосожалување. Дали е  толку лошо да се  побара некој барем малку да се сожали на мене, да ме врати во тие мајчински топли прегратки во кој нема болка а се полни со заштита. Дали самосожалувањето  е  само обид да се  прикажам како жртва? Сакав мојата невозвратена љубов да ја натерам да  ме сака и да остане со  мене  пробувајќи да ја натерам да се сожали на мене да биде со  мене само од жал дека неможам сам, дека ќе пропаднам.
Хахахахахах тоа е само дел од мојот план. Колку генијално !! е се што размислував тој период.Но на мое големо разошарување небеше дел од планот. Се претворив во таа жртва .Колку сакав кога  ме потчукнуваа по рамо и ми викаа Ти си добар човек,она е лоша, она е таа што не те заслужува и ред други утешни зборови кој толку многу ми годеа. Се прашувам дали тоа беше совеста која ме тераше пред  поблиски да кажувам дека несакам тупкање по рамо сакам одговори каде погрешив , ако сум толку добар зашто сум сам.
Тогаш ги слушнав зборовите од мојата најблиска другарка кој ме разбудија :
Ако си сам не си  осамен. Види  колку луѓе има околу тебе кој стварно се загрижени за тебе.
Колку лесно може човек да се претопи во таа улога на жртва. Барем за мене беше лесно. Сега гледам зашто толку е тешко да се искочи од таа улога. Стварниот свет надвор е ладен и темен а влетувам во него  несперемен. Но сето тоа е дел од созревањето ,освестувањето и доближувањето кон тоа да станам личност. Добивам сила да  ги препознаам душегрижниците кој се насобраа околумене како мршојадци,да ги познаам другите  кој парадираат со главата надоле соживувајќи се со својте улоги на жртви.
Можеби сега ке си  го поставите најбитното  прашање :Зашто е овој текст?
Овој текст е мој начин да пробам да обележам еден краток период  од мојот живот кој беше  толку многу значаен иисполент со настани кој  ме поставија кон патот на моето  себепронаоѓање, но пред се е замојде најблиски личности кој беа покрај мене. Ова е мој начин да кажам фала.
ФАЛА

----------------------------------------------
Забелешка 


*Почетниот пасос е извадок од текстот "Жртва" од Мирослав Пендаровски објавен во  Нова Македонија 

1 comment:

  1. TE RAZBIRAM DO BOLKA I SE RADUVAM VO ISTO VREME STO SEUSTE IMA VAKVI LUGE , SVESNI! PRODOLZI DA PISUVAS ,PISANOTO KE OSTANE ZASEKOGAS I MNOGU LUGE SRAMEZLIVO KE GO CITAAT I KE IM OSTANE BAREM EDEN ZBOR VO NIV!
    POZDRAV

    ReplyDelete